Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) прогнозира дека македонската економија наредната година ќе оствари раст од најмногу два отсто, а се сомнева и дека буџетските приходи ќе бидат согласно планираното. Прогнозата на ММФ е значително пониска од онаа на владата, која очекува растот в година да достигне 4,5 отсто, како и од прогнозата на Народната банка на Македонија (НБМ), која предвидува раст од три отсто. Шефот на Мисијата на ММФ во Македонија Вес Мекгру на денешната прес-конференција појасни дека главни пречки кои можат да влијаат врз развојот на македонската економија главно произлегуваат од кризата во еврозоната. Очекува порастот на македонската економија во следната година да изнесува два проценти. Ова се нашите прелиминарни проекции. Секако постојат ризици во надолна линија, со тоа што може да дојде и до влошување на ситуацијата, а сето тоа да има влијание и врз Македонија.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) прогнозира дека македонската економија наредната година ќе оствари раст од најмногу два отсто, а се сомнева и дека буџетските приходи ќе бидат согласно планираното.
Прогнозата на ММФ е значително пониска од онаа на владата, која очекува растот в година да достигне 4,5 отсто, како и од прогнозата на Народната банка на Македонија (НБМ), која предвидува раст од три отсто.
Шефот на Мисијата на ММФ во Македонија Вес Мекгру на денешната прес-конференција појасни дека главни пречки кои можат да влијаат врз развојот на македонската економија главно произлегуваат од кризата во еврозоната.
„Очекува порастот на македонската економија во следната година да изнесува два проценти. Ова се нашите прелиминарни проекции. Секако постојат ризици во надолна линија, со тоа што може да дојде и до влошување на ситуацијата, а сето тоа да има влијание и врз Македонија“, рече Мекгру.
Тој констатираше дека постојат неколку фактори кои што може да и помогнат на Македонија да се заштити од неповолните случувања во еврозоната, како што е ниското ниво на јавниот долг, нискиот буџетски дефицит и малиот дефицит на тековната сметка.
„Секако многу важен е фактот што банките во земјата не се потпираат на надворешно финансирање. Ова ве прави многу поразлични од останатите земји во регионот, кои многу зависат од надворешното финансирање“, рече Мекгру.
Тој и советуваше на Македонија во покривањето на буџетскиот дефицит да се потпре кон домашно задолжување, а доколку е потребно и да се зголеми референтната камата за да се зголеми домашниот пазар на задолжување.
Според ММФ, приходите во буџетот во Македонија во наредната година ќе бидат пониски од очекуваното, поради што на владата и се препорачува да ги следи случувањата и соодветно да реагираат со расходите за да се надоместат помалите приходи.
Наспроти проекциите на ММФ, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изјави дека владата останува при својата првобитна проекција, а изрази и очекување дека планираниот буџет за наредната година ќе биде целосно реализиран.
Ставрески истакна дека во светската пракса често се случувало проекциите на ММФ да бидат различни од тие на националните влади, при што секогаш ММФ излегувал со поконзервативни проекции.
„Го почитуваме мислењето на ММФ и нивните проекции, но во исто време изработуваме и наши проекции, исто како и НБМ и другите институции што го прават тоа. Разликите во проекциите секогаш постоеле“, рече Ставрески.
Тој сепак нагласи дека македонската економија е под влијание на случувањата во Европа, каде што состојбите секојдневно се менуваат.
„Го дилеми мислењето дека се зголемуваат ризиците за економскиот раст и развојот на економијата, што пред два месеци беше незамисливо. Информациите се се понегативни и тоа бара од сите нас соодветна адаптабилност, промени и флексибилност во однос на проекциите“, рече Ставрески.
Изразувајќи очекување дека буџетот и буџетскиот дефицит следната година ќе ја издржат кризата, Ставрески информираше дека буџетот сепак е планиран со одредени резерви во однос на евентуалните промени на стапката на раст, а име и одредени резерви во поглед на расходите.
Гувернерот Димитар Богов изрази задоволство од заклучоците на Мекгру дека македонската економија е релативно добро подготвена за евентуалната криза во еврозоната.
„Јасно ни е дека економскиот раст ќе страда во наредната година, што ќе зависи од силината на забавувањето на економијата во еврозоната и во ЕУ во целина. Не можеме да влијае на случувањата таму, но можеме што подобро да се подготвиме и да ја зачуваме стабилност“, рече Богов.
Според него, не постои потенцијал за поголем удар врз македонската економија од евентуалната криза во еврозоната.